За нашата компанија


Ние сме експерти во нашата работа

815

Проекти

За нашата компанија

Димарт е компанија која се занимава со производство и монтажа на внатрешни(собни) врати.Вратите се изработуваат од медијапан кој може да биде фарбан,фурниран или обложен со ламинирана ЦПЛ фолија.Постоиме веќе 10 години на пазарот во Македонија и пошироко со многу успешни проекти и се трудиме да го покажеме најдоброто од нас.Со добро организираниот тим наоѓаме заедничко решение за вашите желби и потреби кои ги правиме реалност во најбрз рок.
Производството се наоѓа во Берово,а изложбениот салон во Скопје. Во него може да не посети секој заинтересиран и да поразговара со стручно лице како своите замисли и идеи е најдобро да се реализираат.Ќе ви бидат покажани урнеци на материјали,бои и видови на изработка кои може да ви послужат при одбирање на она што го замислуавате и ќе се запознаете со целата наша приказна за високиот квалитет и модерен дизајн кој го нудиме.
Ние вршиме бесплатна достава и монтажа до вашиот дом и гарантираме за квалитетот на нашите производи.

Што правиме ние

Производство и монтажа на внатрешни собни врати по најнови трендови, со беспрекорен квалитет и дизајн
 на кој не можете да му одолеете.

Идеја

Секоја ваша идеја е добредојдена,ја разгледуваме и се трудиме да ја направиме реалност.
Секогаш правиме план како правило да биде изведено она што веќе е ваша идеја и кои се клучните чекори до посакуваниот производ.

Реализација

Со нашиот обучен тим ги реализираме производите на најпрофесионален начин.

Резултат

Крајниот производ го одсликува нашиот труд за вие да бидете задоволни и да го добиеме посакуваниот резултат.

Што правиме ние. Како размислуваме. 
На што се фокусираме

Внатрешните врати веќе долго време се перцепираат како начин за ограничување на просторот во внатрешноста на објектот, за заштита на некои простории од мирисот и бучавата што доаѓаат од другите. Нашата цел е да правиме неверојатна колекција на инспиративни идеи за вашиот дом.Почнувајки од вратите на дневната соба за да се обезбеди светлина и вратите за трпезарија кои обезбедуваат стил, простор и елеганција до многу големи и практични колекции на врати за спална соба и врати за кујна.
Пред се нудиме одлични идеи за заштеда на простор, кога собите се помали отколку што би сакале, изработуваме и внатрешни лизгачки врати.Нашето производство секој ден се проширува и започнавме со изработна на хотелски и канцелариски врати.
Вратите се изработуваат од медијапан, кој може да биде обложен со ЦПЛ фолија, фарбан или фурниран. Медијапанот се повеќе зазема главна улога во производството на врати. Неговите карактеристики се да биде отпорен на влага, да поседува цврстина и да не е лесно оштетлив. Кога станува збор за фурниран медијапан може да се каже дека тој може да го замени и дрвото. Како фурнири најчесто ги користиме даб и орев.

Секогаш сакаме да бидеме од страната на купавачите и тоа што го побаруваат да се потрудиме да го изработиме.Нашиот фокус го ставаме на тоа секој еден купувач да биде задоволен и своето видување за квалитетот на вратите да го пренесе и на идните генерации.


Вредностите на димарт

Доверливи

Секојдневно настојуваме да ја заслужиме и наградиме довербата на нашите клиенти, како и на вработените, бидејќи заедно овозможуваме остварување на големи нешта.

Иновативни

Идеите и креативноста во решавањето на проблемите се нашата цел. Во развојот на производите и осмислуавање на услугите ги употребуваме најмодерните дизјани за да бидеме уникатни во изработката.

Сигурни

Нашиот кредибилитет зависи од нашата сигурност и ние го правиме она што го кажуваме. Дејствуваме транспарентно и секогаш настојуваме да ги исполниме своите ветувања.

Дали сакате да добиете понуда сега? Контакт

За нашата компанија:

Димарт е компанија која се занимава со производство и монтажа на внатрешни (собни) врати. Вратите се изработуваат од медијапан кој може да биде фарбан, фурниран или обложен со ламинирана ЦПЛ фолија. Постоиме веќе 10 години на пазарот во Македонија и пошироко со многу успешни проекти и се трудиме да го покажеме најдоброто од нас. Со добро организираниот тим наоѓаме заедничко решение за вашите желби и потреби кои ги правиме реалност во најбрз рок.

Контактирајте не:

  • Берово, Македонија
    Подружница Скопје
  • +389 (78) 867 560
  • info@dimart.mk

Start typing and press Enter to search

Search